Бујар Ислами: Хајдук е голем фаворит, не се залетуваме…

Шефот на стручниот штаб на Ренова, Бујар Ислами умерен како и секогаш потенцира дека сплитски Хајдук е голем фаворит за натпреварот од второто квалификациско коло од Лигата на Европа.

„Гипсарите“ ќе мора да се соочат со Хајдук на 17. септември во Скопје на патот кон 3. квалификациско коло, максимално свесни дека тие ќе треба да ја чекаат својата шанса како и на дуелот со Алашкерт во Ерменија.

„Не треба да се нагласува дека Хајдук е голем фаворит пред пресметката. Сите добро знаеме кој е Хајдук, ние не се залетуваме, но како и на претходниот натпревар последниот збор го кажуваме на терен. Овие момци се извонредни од прв до последен, како и секогаш силно верувам во нив. Добро ќе се подготвиме за тој меч и знам дека ќе го дадат максимумот“ – вели Ислами кој бележи извонредни резултати на клупата на Ренова издвојувајќи се како клучната фигура која успеа да ги препороди „гипсарите“.

Се вчитува...