Бујчевски: Очекувам сигурен триумф на Кит Го против Партизан Обршани

Кит Го денеска (16.30 часот) во Кочани ќе го одигра мечот од претпоследното коло во Втората лига Исток. Противник е Партизан Обршани, а напаѓачот Антонио Бујчевски очекува сигурен триумф на својот тим.

„Ни останаа уште два натпревари до крајот на првенството. Натпреварот со Партизан Обршани го очекуваме максимално подготвени и очекуваме нова победа и продолжување на победите. Не потценуваме ниеден противник, па така и со Обршани се надеваме на добра игра и нови три бода“, изјави Антонио Бујчевски за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...