„Бум-бум“ Бојан: Миовски со два гола за осум минути за Абердин

Еден од најдобрите македонски фудбалери Бојан Миовски продолжува со своите неверојатни партии во дресот на шкотскиот великан Абердин.

Откако го матираше и Селтик, тој ја продолжи својата одлична форма и на денешниот меч против шкотскиот нисколигаш Бонириг Роус во Националниот куп на оваа земја.

Македонецот успеа да постигне два гола и тоа во само осум минути разлика, откако прво во 18. минута донесе водство за својот тим од 1-0, а во 25. ја зголеми предноста и на 2-0.

Се вчитува...