Бум бум Кире испиша нова историја: Лазаров стана најдобар стрелец и во историјата на Ф4 во ЛШ (ВИДЕО)

ЕКИПА во Келн,

Симон Котларов

Кире Лазаров оствари уште еден историски успех. Македонскиот капитен е најдобриот стрелец во историјата на Ф4 турнирите во Лигата на шампионите. Шестиот погодок за водство на Нант во полуфинлаето против ПСЖ со 22-17, за Лазаров 57-ми во настапите на Ф4 и го надмина рекордот што го држеа Момир Илиќ и Филип Јиха кои имаат по 56.

Кире Лазаров е и актуелен најдобар стрелец рекордер на европските и на светските првенства.

Се вчитува...