Буњаку: Посакувам чист и коректен меч со Работнички, па нека победи подобриот

Спортскиот директор на Шкупи, Омер Буњаку верува дека утре мегданот со Работнички од 31. коло во Првата македонска фудбалска лига ќе донесе коректен и чесен фудбал во кој на крајот ќе победи само подобриот на терен.

Мечот е значаен и за двата состави, во битката за четвртата позиција на табелата која може да донесе и европски излез…

„Сега сме во еден добар момент, довербата е на посакуваното ниво и се надевам дека ќе му пристапиме на натореварот 100% подготвени. Утре треба да бидеме подготвени за позитивен резултат, затоа што играме за самите нас, играме за Шкупи. Очекувам борбен натпревар од моите играчи, натпревар кој е од големо значење, но не би рекол дека е и решавачки. Очекуваме коректно судење, се надевам дека ќе видиме чист и борбен натпревар, затоа што овој натпревар е од големо значење за понатамошниот дел, и за целите кои пред себе ги имаат и двете екипи, а на крај нека победи подобриот. Очекуваме голем број на навивачи, затоа што сите знаеме дека на секој натпревар тие се наш дванаесети играч“ – вели Буњаку пред утрешниот натпревар со „романтичарите“ во 31. коло од ПМФЛ.

Се вчитува...