Буњамин Шабани носи предност на Струга ТЛ против Шкупи (ВИДЕО)

Кога Бесарт Ибраими не погоди од пенал на стартот од првиот дел за предност н Шкупи, тоа му успеа на Буњамин Шабани во 54. минута од средбата.

Шабани, кој го изнуди пеналот, погоди после одличната акција и додавањето токму од Ибраими од десната страна, за елегантно да го совлада Иљази, и да донесе предност за Струга ТЛ.

Инаку и по голот Струга ТЛ жестоко нападна, па за малку Шкупи ќе си постигнеше и автогол, но Иљази имаше многу среќа.

Се вчитува...