Бундес-лига: На стартот Баерн – Баер, Лајпциг против Шалке

Шампионот Баерн Минхен ќе ја стартува одбраната на титулата во германскиот шампионат со домашен натпревар против Баер Леверкузен. „Фармацевтите“ ланската сезона ја одиграа под своите можности, но јасно е дека оваа екипа поседува потенцијал и сигурно ќе се обиде да приреди изненадување на отворањето на новата бундеслигашката сезона, на 18 август со почеток во 20.30 часот.

Вицешампионот Лајпциг, кој лани приреди огромно изненадување стигнувајќи до второто место, на стартот од новата сезона ќе има тешка задача на гостувањето во Гелзенкирхен против Шалке.

Неизвесно се очекува да биде и во Волфсбург, каде истоимената екипа ќе го пречека тимот на Борусија Дортмунд, а во останатите средби од првото коло од новата сезона се среќаваат: Хофенхајм – Вердер, Херта – Штутгарт, Фрајбург – Ајнтрахт, Борусија М. – Келн, Хамбургер – Аугсбург и Мајнц – Хановер.

Големото дерби меѓу Борусија и Баерн ќе се игра на почетокот од ноември, во рамките од 11. коло, во Дортмунд.

Се вчитува...