Бундес-лигата ќе почне еден месец подоцна од вообичаеното

Новата сезона во германската Бундес-лига ќе почне на 18.септември 2020 година, а би требало да заврши на 22. мај 2021, објави Фудбалската федерација на Германија (ДФБ). Стартот на новата сезона ќе доцни околу еден месец во однос на вообичаениот термин, што е последица на принудната пауза која се појави поради пандемијата на коронавирусот.

Купот на Германија ќе почне со натпреварите од првиот круг од 11. до 14. септември оваа година, а ќе заврши на 13.мај 2021 година, кога е закажано финалето на Олимпискиот стадион во Берлин.

 

 

Се вчитува...