Германските клубови делуваа амбициозно, но денеска веќе е јасно дека нема никакви шанси да се реализира нивниот план и Бундес-лигата да продолжи на 9 мај.
За активирање на елитното фудбалско друштво беше неопходно денеска да се добие зелено светло од државните власти. Сепак, на денешниот состанок на Ангела Меркел со премиерите на 16-те сојузни држави беше решено конечната одлука за продолжение на фудбалската сезона да биде донесена следната среда.
Со оглед на одложувањето, нема никакви шанси дури и во случај на добивање на зелено светло за само три дена да се средат сите детали и да се одиграат фудбалски натпревари, макар и пред празни трибини. По најновиот развој на настаните, сега германските прволигаши се надеваат на камбек на терените на 16 мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА