Ракометарите на Фленсбург стигнаа до убедлива победа од 36-23 против Кил во дерби натпреварот на 17. коло во германската Бундеслига. Домашниот тим на одличен начин го отвори мечот и веќе на пауза имаше комотни пет гола предност 17-12.
Во вториот дел домаќините го дотолчија противникот и на крајот стигнаа до убедлив триумф од 36-23. Емил Јакобсен со осум гола беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените Никлас Екберг заврши со пет гола.
Филип Кузмановски и неговиот Хановер загубија на гостувањето кај Гепинген со 33-29. Филип Кузмановски не успеа да се запише во листата на стрелци на овој натпревар. Пораз забележа и Вецлар каде помошник на главниот тренер Хрватот, Хрвое Хорват е нашиот Филип Миркуловски на домашен терен од големиот фаворит Рајн Некар Левен со 23-29.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА