БУНДЕСЛИГА: Херта испадна во „Цвајте“, Хофенхајм се спаси

Екипата на Херта Берлин идната сезона ќе игра во втората Бундеслига откако денеска на домашен терен одигра само 1-1 против Бохум. Со тоа Бохум направи голем чекор кон опстанокот, додека Херта и дефинитивно не може да се спаси.

Херта водеше со голот на Тусар, но израмни Шлотербек во 94. минута. Сега Бохум има еден бод повеќе од опасната зона, и опстанокот ќе биде интересен во последното коло.

Шалке можеше да обезбеди директен опстанок на коло до крајот, но на домашен терен одигра само 2-2 со Ајнтрахт Франкфурт. Шалке поведе со 1-0 со голот на Тероде, но Ајнтрахт успеа да направи пресврт со головите на Камада и на Тута. Сепак Шалке во финишот со голот на Полтер стигна до еден бод.

Опстанок обезбеди тимот на Хофенхајм, откако го совлада Унион Берлин, и така му ја загрози судбината за ЛШ. Бебу и Крамариќ донесоа 2-0, а потоа Доеки намали на 2-1. Крамариќ во финишот стави точка на победата на својот тим и така донесе опстанок. До крајот Унион само намали преку Лаидуни.

Вердер и Келн одиграа без победник 1-1.

 

Се вчитува...