Бундеслига: Леверкузен доживеа шокантен пораз на домашен терен, Лајпциг се задоволи само со реми!

Лајпциг двапати имаше предност против Келн, но не успеа да слави на домашен терен, па се задоволи само со реми, 2-2. Тимо Вернер знаеше како да го прослави враќањето на теренот на „Ред Бул Арената“, откако во 36. минута со удар од околу 30 и пол метри го доведе својот тим во предност.

Гостите израмнија во 40. минута од натпреварот, Кајнц нафрли од десната страна, Диц се најде на вистинското место и погоди за 1-1.

Уште два гола видовме во вториот дел, Лајпциг прв поведе, преку Нкунку, одлична асистенција на Олмо кој го најде својот напаѓач, егзекуција на високо ниво за 2-1. Сепак, мечот заврши со 2-2, по корнер од левата страна, Гвардиол очајно реагираше и ја испрати топката во сопствената мрежа.

Аугсбург денеска како гостин целосно го изненади Леверкузен, беше 1:2. Јенсен ги доведе гостите во предност во 15. минута, а Арангуиз израмни во 43. Хан им донесе победа на гостите во 82. минута од натпреварот. Треба да се напомене и дека домашните имаа многу шанси, 10 удари кон голот, над 60% посед, но тоа не беше доволно за победа.

Се вчитува...