Бундеслига: Унион Берлин ги намали шансите на Фрајбург за ЛШ, а си ги зголеми своите (ВИДЕО)

Фрајбург на домашен терен играше со Унион Берлин, и доколку победеше, тогаш Фрајбург ќе беше на чекор до сензационален пласман во Лигата на шампионите идната сезона. Меѓутоа не само што не победи, туку и загуби, па така не само што си ја загрози позицијата, туку сега и Унион Берлин има шанси да се пласира во најелитното фудбалско натпреварување во Европа.

Добрите настапи во текот на целата сезона може да паднат во вода по денешниот пораз од 1-4. Промел, Тримел и Бекер во првиот дел донесоа водство за Унион од 0-3, а Хелер успеа да намали. Шафер во 90. минута ги постави конечните 1-4. Фрајбург останува четврти со 55 бода, бод повеќе од Унион и од Лајпциг, но Лајпциг има натпревар помалку. Ако победи, тогаш токму „биковите“ ќе бидат блиску до учество во ЛШ.

Келн пропушти голема шанса да се доближи до Лигата на шампионите откако загуби на домашен терен од Волфсбург. Герхард со голот во првиот дел ги донесе трите бода за гостите, кои немаат никакви шанси за пласман во Европа.

Баер Леверкузен и дефинитивно ќе игра во Лигата на шампионите идната сезона, откако со неверојатен пресврт го совлада составот на Хофенхајм. Хофенхајм имаше водство од 2-1, со головите на Рутер и Баумгартер, а Шик стрелаше за Леверкузен. Сепак во 73. и 76. минута два брзи гола на Диаби и на Шик за целосен пресврт од 2-3, а потоа Аларио ги постави конечните 2-4.

Борусија Дортмунд во натпревар за престиж, победи против Гројтер Фурт на гости со 1-3. Бранд донесе водство за „милионерите“ во првиот дел, а Гројтер израмни преку Нганкам. Бранд и Паслак со головите во 72. и 77. минута ја донесоа конечната победа.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...