Бундеслигашите заминуваат во седумдневен карантин

Раководството на германската Бундеслига по дозволата од Владата одлучи натпреварувањето да продолжи на 16 мај. Сите тимови од денеска се во седмодневен карантин откако претходно беа тестирани на коронавирус. Оваа одлука е донесена како би се намалил ризикот од зараза пред него што првенството биде продолжено.

Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Волфзбург избраа хотели во своите градови, додека некои клубови како што се Шалке и Борусија Менхенгладбах ги искористија хотелите кои се во склоп на нивните стадиони. Баер Леверкузен, Унион Берлин и Падерборн се одлучија за изолација надвор од нивните градови.

Фудбалерите, тренерите и останатите вработени во клубот ќе носат маски, а во собите ќе биде сместен само по едно лице како би се намалил ризикот.

Се вчитува...