Бундеслигашката битка Томовски – Кузмановски без победник

Македонската пресметка во Бундес-лигата меѓу Мартин Томовски и Лудвигсхафен од едната и Филип Кузмановски и Хановер од другата страна на крајот заврши без победник, 27-27.

Кузмановски и соиграчите имаат за што да жалат бидејќи го контролираа резултатот до самиот крај, на полувреме водеа со 11-14, во последната минута влегоа со водство од 26-27, за со гол на една секунда до крајот Лудвигсхафен да стигне до реми.

Мартин Томовски бранеше во добра форма бранејќи вкупно девет противнички удари (два од нив седмерци). На спротивната страна, Кузмановски го заврши мечот со два гола од исто толку шутеви.

Се вчитува...