Бундеслигата чека на Ангела Меркел

Бундеслигата има детален план и прави подготвки за рестарт на фудбалската сезона во Германија од 9. мај, но одлуката за тоа дали повторно ќе има фудбал веќе не е на спортските институции. Сите чекаат одлука на Ангела Меркел. Канцеларката на Германија треба да рече „да“ за да почне топката да се тркала.

Планот за почеток на натпреварувањето подразбира празни трибини, редовно тестирање за коронавирусот, само околу 300 луѓе присутни на натпреварите. Сите овие работи Бундеслигата ги нуди за да може да продолжи сезоната. Главниот мотив за забрзувањето на процесот на враќање се разбира се финансиите. Извештај од состанокот на Германската фудбалска лига минатиот месец вели дека 13 од 36 клуба ќе се соочат со несолвентност ако сезоната 2019/20 не биде комплетирана.

Неизвеснот околу можната одлука на Меркел има поради тоа што канцеларката изјави дека земјата „се движи по тенок мраз“ објаснувајќи ја ситуацијата со коронавирусот, а дополнително што бројката на новозоболени малку е и зголемена.

 

Се вчитува...