Бундеслигата ќе загуби речиси милијарда евра поради коронавирусот

Светскиот спорт е пред тотален колапс и на финансиски план доколку се оддолжи актуелната ситуација со коронавирусот.

Секогаш прецизните Германци информираа дека Бундеслигата ќе загуби најмалку 750 милиони евра доколку не продолжи актуелниот шампионат. Но, загубата ќе биде уште поголема затоа ако договорите за продажба на телевизиските права престанат да важат.

Како што пренесуваат германските медиуми, ако првенството се прекине по само 25 кола тогаш 370 милиони евра би се изгубиле само од ТВ-правата, дополнителни 100 милиони евра ќе се загубат од спонзорските договори, а околу 200 милиони евра од продажбата на билетите за оние неодиграни 11 кола.

Претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге истакна дека малите клубови нема да ја преживеат кризата бидејќи зависат од приходите од продажбата на правата за трансфер. Румениге инсистира првенството да се игра, и покрај епидемијата.

Бундеслигашите утре во Франкфурт ќе имаат состанок во желбата да се најде решение за завршување на шампионатот до 30. јуни. Одложувањето на ЕП 2020 би овозможило Бундеслигата да трае и да заврши до 30 јуни.

Се вчитува...