Бундеслигата не памети вакво нешто – Навивач на Дармштад се спушти на терен, урлаше на нив а тие молчеа и слушаа (ВИДЕО)

Фудбалерите на Дармштад вчера доживеаја вистински дебакл во пресметката со Аугсбург пред своите навивачи во Бундеслигата. Дармштад загуби со 0-6, а пет гола домашните примија уште во првите 45 минути.

Па, неверојатни сцени беа видени по крајот на натпреварот кога домашните фудбалери тргнаа на „рапорт“ пред своите најверни навивачи. Никој од нив не можеше да несети што ќе се случи.

Еден од водачите на навивачите втрча на терен без никој од обезбедувањето да го запре и им одржа лекција на играчите, очигледно дека беше многу, многу лут.

Сите фудбалери стоеја мирно пред него и слушаа без никој да изговори збор. А, откако заврши го поздравија со аплауз.

Дармштад се наоѓа на последното место на табелата, а следни ги очекуваат натпреварите со Лајпциг и со Баерн.

Се вчитува...