Бундестимот загуби „бисер“: Ја одби Германија за да игра за Мароко

Германскиот фудбал остана без уште еден голем талент. Ваел Мохја, млад фудбалер на Борусија Менхенгладбах, одлучи во иднина да игра за мароканската репрезентација.

Мароканската фудбалска асоцијација успеа да го убеди талентираниот играч да го носи дресот на Мароканците, иако Мохја е роден и израснат во Германија.

Младиот играч од средниот ред се смета за еден од најинтересните играчи од неговата генерација во академијата на Борусија Менхенгладбах. Неговите игри го привлекоа вниманието на бројни скаути, а во Германија веќе го обележаа како фудбалер со голем потенцијал.

Сепак, Мароко беше поконкретен и успеа да направи важен чекор во борбата за својот репрезентативен пат.

Одлуката на младиот талент претставува уште еден удар за германскиот фудбал, кој во последните години губи играчи со голем потенцијал поради конкуренцијата од другите национални тимови.

Се вчитува...