Бункерот на Њукасл не издржа – Челси со „три од три“ во Премиер-лигата

Челси и по три кола го задржа максималниот ефект во Премиер-лигата откако тимот на Маурицио Сари попладнево славеше на госувањето против Њукасл со 0-1.

Триумфот е апсолутно заслужен ако се знае дека Челси цел натпревар доминираше, но клучот за „бункерот“ на домаќините го најде дури во 76. минута, и тоа од сомнително досуден пенал. Алонсо втрча во шеснаесетникот, на него стартуваше Шер, кој прв стигна до топката, но главниот судија процени дека имало контакт за да покаже на белата точка, по што Азар прецизно го изведе пеналот.

Њукасл сепак не се откажа, тргна пофанзивно и во 83. минута стигна до израмнување преку Хозелу, по уште една лоша судиска одлука откако арбитрите во истата акција не забележаа прекршок над Жиру.

Бодовите на крајот сепак завршија на контото на лондонскиот клуб, повторно во главна улога беше Алонсо, по чиј удар Једлин несмасно реагираше и ја смести топката во сопствената мрежа.

По три одиграни кола максимални девет бода имаат Ливерпул, Челси и Ватфорд, со можност на ова друштво да се приклучи и Тотенхем доколку утре слави на гостувањето против Манчестер јунајтед.

Се вчитува...