Бунт на англиските навивачи: Гери Невил е предавник! (ВИДЕО)

Дуелот помеѓу Салфорд Сити и Олдам Атлетик во Лига 2 беше прекинат поради влез на домашните навивачи на теренот. Неколку навивачи влегоа во теренот во текот на првото полувреме. Сите беа облечени во бели дуксери со натпис „Гери Невил е предавник“.

Навивачите носеа и знамиња, а еден од нив дури се обиде да го стави знамето на центарот на теренот. Најмалку двајца навивачи успеаја да стигнат до самиот терен пред редарите да успеат да ги фатат.

Упадот на навивачите на теренот беше проследен со извици „Гери Невил е предавник“ и „Англија, Англија“.

Навивачите беа разбеснети од неодамнешните критики на Невил за честото прикажување на знамињата „Јунион Џек“ и „Св. Џорџ“. Невил рече дека белите луѓе на средна возраст сакаат да ги поделат луѓето во земјата на овој начин. Тој оцени дека тоа е злоупотреба на самите знамиња, но и на чувствата што ги будат кај луѓето.

Невил е еден од сопствениците на Салфорд Сити од 2014 година, кога тој, Пол Сколс, Ники Бат, Фил Невил и Рајан Гигс го купија клубот. Сега тој и Дејвид Бекам се мнозински сопственици.

Се вчитува...