Бунт во Барселона, фудбалерите скокнаа против Кике Сетиен

Барселона полека ја губи трката со Реал Мадрид за шампионската титула во Ла Лига. Двете ремија на гостувањата против Севилја и против Селта му дадоа можност на „кралскиот клуб“ да побегне на врвот на табелата, а тоа секако носи незадоволство во редовите на каталонскиот тим.

Фудбалерите бунтуваат против начинот на водењето на тимот од страна на тренерот Кике Сетиен. Жестока кавга се случила во соблекувалната по нерешениот исход во Виго, а дошло и до обвинувања меѓу самите фудбалери. На „тапет“ е Антоан Гризман од кого се очекуваше да биде огромно засилување, но тој не дава ниту 50% од квалитетот што го поседува. Сетиен нема сенс за замените, тимот губи ритам во текот на натпреварот.

Поради ова се погласни се шшекулациите и дека Кике Сетиен ќе мора да замине од „Камп Ноу“ на крајот од сезоната, а во опција е враќањето на Пеп Гвардиола.

Се вчитува...