Бунт во Реал Мадрид – Ѕвездите во тимот незадоволни!

Голем дел од ѕвездите во Реал Мадрид се незадоволни од третманот кој го имаат во клубот, пренесуваат дел од шпанските медиуми.

Марсело, Иско и Марко Асенсио се незадоволни од работата на тренерот Карло Анчелоти бидејќи во своите планови не ја гледа оваа тројка.

Прв на отстрел е Асенсио кој иако имаше неколку понуди летово се одлучи да остане на „Сантијаго Бернабеу“, но најверојатно ќе го напушти клубот во зимскиот преоден рок. Марсело во моментов е трет лев бек во тимот и има одиграно само две минути сезонава.

Се вчитува...