Бунтовникот Мајк Џејмс заврши во вториот тим на ЦСКА Москва (ВИДЕО)

Американскиот интернационалец Мајк Џејмс во новата сезона ќе биде дел од вториот тим на ЦСКА Москва. Играчот кој претходната сезона ја започна во рускиот гигант, но поради кавга со тренерот Димитрис Итудис ја напушти Москва и премина во редовите на Бруклин, по кратката авантура „преку барата“ се врати во руската престолнина.

Џејмс ова лето беше поврзуван и со трансфер во редовите на Лос Анџелес Лејкерс, меѓутоа шестнаесеткратниот шампион се одлучи за Ражон Рондо па плејмејкерот беше проморен да се врати во редовите на ЦСКА каде има договор до 2023 година, а грчкиот стратег стави дознаење дека за него место во тимот нема.

Сега 31-годишникот ги започна подготовките со вториот тим на московскиот состав и се очекува да остане таму се додека не се најде некој „херој“ кој ќе се сложи за купување на проблематичниот кошаркар.

Се вчитува...