„Бунтовникот“ Санчез успеа – оди во Тотенхем

Тотенхем конечно доведе засилување во овој преоден рок, откако „спарси“ по долги преговори се договорија со Ајакс околу трансферот на Давинсон Санчез Колумбискиот дефанзивец „бунтуваше“ во изминатата седмица, еден ден дури и одбиваше да тренира, па на крајот успеа да издејствува преселба во Лондон, пред се поради мегапонудата што Тотенхем ја испрати во текот на вчерашниот ден.

Имено, „спарси“ му платија на Ајакс 40 милиони фунти, што е клупски рекорд на Тотенхем, a воедно и извонредна заработка за холандскиот гигант, кој лани го доведе Санчез во Амстердам за само четири милиони фунти.

Овој 21-годишен дефанзивец во текот на викендов ќе биде промовиран пред англиската јавност, но нема да има право на настап на неделниот дерби дуел против Челси.

Се вчитува...