Бура од реакции во Наполи по најавата за казна на Елмас: Ова е мизерија… Сите од раководството се обични кловнови! (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас на само еден час пред вчерашниот натпревар за Македонија доби иинформација од Наполи, и тоа преку социјалните мрежи, дека ќе биде казнет за разговор со медиуми, прекршувајќи го налогот за забрана на изјави.

Но, по објавата за казна од страна на Наполи, вистинска бура од реакции на навивачите кои застанаа во одбрана на Елмас…

„Оваа одлука на Наполи е чисто сра.е…“, „Мертенс и Кулибали може да коментираат постојано по своите профили, а овде се казнува само Елмас. Мизерија!“…, „Го читав интервјуто… Ако еден таков разговор е за казна не знам што да кажам“ – се дел од коментирите по социјалните мрежи на навивачите на Наполи.

Добар дел од навивачите посочуваат и на тоа зошто сето ова се сервира пред јавноста. И да има нешто да се казни Елмас, или да му се укаже, мора да се направи внатре во клубот…

„Циркус… А сите во раководството на Наполи се обични кловнови… Го најдовте детето кое од срце игра за Наполи. Срамно е вака јавно да се понижува, а и самото интервју воопшто не е на штета на клубот“ – коментираат фановите на Наполи.

 

 

Се вчитува...