Бура во Сплит: Трактор чуваше клупата да не „одлета“ на „Пољуд“

Силен ветер од над 160 километри на час создаде огромни проблеми во регионот на Сплит изминатата ноќ, а настрада и дел од стадионот „Пољуд“, кој остана без неколку плочи од покривот. Попладнево временските услови се стабилизираа, по што беше дадено зелено светло мечот меѓу Хајдук и Горица да стартува како што е предвидено.

За секој случај беа преземени „специјални мерки“ при организацијата, па така зад клупата на гостинскиот тим можеше да се забележи и трактор, да не дозволи таа да одлета доколку во меѓувреме дојде до нова бура.

Околу теренот не беа поставени ниту вообичаените реклами, се со цел во случај на нова бура тие да не се разлетаат кон теренот, што би значело и потенцијална опасност од посериозна повреда на фудбалерите.

Мечот се одигра без поголеми проблеми, но и без возбудувања на теренот, завршувајќи 0-0.

 

фото: 24sata.hr

Се вчитува...