Бурдисо го кани Де Роси во Бока Јуниорс

Даниеле Де Роси би можел кариерата да ја продолжи во Аргентина. Првични разговори за ваквиот трансфер веќе биле направени. Информацијата доаѓа од спортскиот директор на Бока Јуниорс, некогашниот соиграч на Де Роси од Рома, Николас Бурдисо, кој изјави дека за играч од калибарот на Де Роси, вратите на Бока се секогаш отворени.

„Де Роси ми е голем пријател. Тој во моментов уште тешко се соочува со разделбата со Рома. Секогаш се идентификувал со Бока. Но, ќе видиме. Ова повеќе е желба“  – изјави Бурдисо.

Де Роси на крајот одоваа сезона се разделува од Рома, клубот во кој ја мина целата кариера почнувајќи од 2001 година.

Се вчитува...