Бурна прес-конференција на Станојевиќ: Немој да не правите луди…, ова што го прави Ц. Звезда е скандал!

Тренерот на Партизан, Александар Станојевиќ одржа бурна прес-конференција неколку денови по големата дерби пресметка со Црвена Звезда која заврши без победник (1-1).

Станојевиќ е разочаран од случувањата во српскиот фудбал последните денови по барањата на неколку клубови за одложување на натпреварите поради коронавирусот. Смета дека сето тоа е скандалозно и влијае на регуларноста на првенството. Еден од тимовите кој бара одложување на натпреварите е Црвена Звезда.

„Натпреварите после секое дерби се навистина тешки, и ние тоа го знаеме. Имаме повредени или изморени фудбалери, но поради тоа нема да бараме никакво алиби или начин да ги избегнеме натпреварите. Затоа сум крајно разочаран поради вакво скандалозно одложување на пооделни натпревари. Не знам зошто сите молчат на каков срамен начин се одложуваат натпревари. Ова ја доведува во прашање регуларноста на првенството затоа што повеќе сите клубови не се во иста положба“ – истакна Станојевиќ, притоа дополнувајќи:

„Ова што го прави Црвена Звезда е скандалозно. Ги одложува своите натпревари поради двајца болни фудбалери, а имаме тимови од 30 играчи и 20-30 пати поголеми буџети од останатите клубови. И ние имаме пет повредени фудбалери, па не ги испраќам кај клупските лекари да земат потврди дека имаат вируси. Ова е скандал и мора јавно да се обелодени. Претседателот на лекарската комисија на Фудбалскиот сојуз на Србија е член и на Управниот одбор на Црвена Звезда. Па не сме сите во фудбалот тука само поради Црвена Звезда, тоа веќе еднаш мора да се разбере. Па, и ние нешто придонесуваме во фудбалот. Не постои српскиот фудбал само поради Црвена Зведа. Не може некој да не прави сите нас луди. Или веќе се знае кој ќе биде шампион?“.

Се вчитува...