Бурнемаут купува двајца англиски шампиони за 32 милиони фунти

Премиерлигашот Бурнемаут за следната сезона се подготвува да потроши сериозна бројка на пари за двајца играчи на Челси. Нејтан Аке и Асмир Беговиќ се играчите за кои Бурнемаут е подготвен да исплати 32 милиони фунти.

Аке во првиот дел од оваа сезона играше за овој клуб како позајмен играч, а откако Ивановиќ го напушти Челси, Конте мораше да го повика назад и да го користи во потребни ситуации. Аке одигра одлично во Бурнемаут, во Челси задоволуваше кога добиваше шанса, сега може да одлучи за неговата идинина, дали ќе игра фудбал секој викенд, или ќе биде замена на Луиз, Кејхил и Азпиликуета.

Беговиќ оваа сезона настапи на само осум натпревари во сите конкуренции, што е многу малку за еден голман кој до пред две години беше прв избор во Стоук и еден од најбараните голмани на островот. Сега е „бек-ап“ опција за Куртоа, а босанскиот репрезентативец не сака да седи на клупа, па размислува да го напушти „Стемфорд Бриџ“. Ова ќе му биде вистинска шанса да си ја спаси кариерата.

Се вчитува...