Бушар ќе го пропушти Ролан Гарос

Канадската тенисерка Еугени Бушар ќе го пропушти гранслем турнирот Ролан Гарос, откако на вчерашниот тренинг сериозно го повредила скочниот зглоб. Се работи за сериозно истегнување на лигаментите, повреда што не може да се залечи толку брзо, па Бушар ќе мора да отсуствува од турнирот кој започнува на 28.мај и ќе трае до 11.јуни.

Канаѓанката во моментот е на 56.позиција на ВТА – листата, но ја надмина резултатската криза што ја имаше во изминатиот период, а повредата доаѓа во непријатен момент.

Наградниот фонд на годинашното издание на Ролан Гарос изнесува 36 милиони американски долари, а титулата во женска конкуренција ја брани шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза.

Се вчитува...