Бутел без проблеми на гостувањето кај „фенерџијата“ Куманово

Ракометарите на Бутел стигнаа до осмата победа во сезоната откако во 12. коло без проблем славеа на гостувањето кај „фенерџијата“ Куманово со 19-31. Скопскиот состав кој ја имаше фаворитската улога истата ја оправда со добра игра од самиот почеток и сосема заслужено стигна до нов триумф.

Домаќините беа рамноправен противник само во воведот на мечот по кој Бутел ја превзема иницијативата. Скопските ракометари одиграа подобро во завршницата на првото полувреме па со мини серии стигна до предност од 10-14. Бутел продолжи во исто темпо и во второто полувреме во кое стигна и до предност од десет гола со што ги реши дилемите за победник.

Со oсум гола Мрвовиќ го предводеше Куманово, додека осум гола за Бутел постигна Николов.

Се вчитува...