Бутел донесе лев бек од Србија

Поранешниот младински репрезентативец на Србија, Лука Иваниќ е нов ракометар на Бутел Скопје, откако се обврза на едногодишна верност со  скопскиот суперлигаш, со можност договорот да биде продолжен за уште една сезона ако двете страни се задоволни од соработката.

„Иваниќ, кој има 23 години, доаѓа од редовите на поранешниот европски шампион Металопластика Шабац и има одлични физички предиспозиции – висок е 202 цм, а тежок 110 кг. Со тимот од Шабац минатата сезона го освои Купот на Србија, како и Супер Купот на нашиот северен сосед. Освен во српската Аркус лига, левиот бек со Металопластика играше и во регионалната СЕХА лига и беше во ТОП 10 стрелци во сезоната 2020/21“, објави Бутел.

Скопскиот клуб претходно го ангажираше и кадетскиот репрезентативец Дамјан Георгиев, додека за нов шеф на стручниот штаб беше именуван Горан Кузманоски.

Се вчитува...