Бутел го освои меморијалниот турнир во чест на Денис Тот

Македонскиот ракометен суперлигаш Бутел го освои првото место на првиот меморијален турнир во чест на прерано починатиот хрватски ракометар Денис Тот.

Во неговото родно Ѓаково, Бутел го победи хрватскиот Осијек со 25-23 во финалето.

Од клубот како што велат пехарот што го освоија во родниот град на  Тот му го посветија токму на Денис Тот.

„Пехарот што го освоивме во неговиот роден град, му го посветуваме токму него – на нашиот Денис Тот!“, велат од РК Бутел.

Се вчитува...