Бутел го победи Охрид во меч со вкупно 29 постигнати гола

Бутел и Охрид одиграа неверојатен меч во седмото суперлигашко коло во кој беа постигнати само 29 погодоци, за конечна минимална победа на домашниот состав од 15-14.

Домаќините беа подобар противник во првото полувреме во кое „бутелци“ во финишот стигнаа до предност од 10-6. Цврстите одбрани на двете страни беа заштитен знак до крајот на мечот, за во самата завршница да дојде до контроверзна ситуација. Охрид на неколку секунди до крајот ја зеде топката и требаше да има пенал за израмнување, но судиите од Битола (Митревски – Тодоровски) решија да ја вратат акцијата на почеток, давајќи му ја топката назад на Бутел за завршните седум секунди, по што домаќините рутински ја задржаа за конечен триумф.

Голманот Чаневски беше најзаслужен за оваа победа на домаќините со 18 успешни интервенции, додека во нападот најефикасен кај Бутел беше Мајиќ со пет погодоци, додека Николов и Манасков со по три погодоци беа први стрелци во таборот на Охрид.

Се вчитува...