Бутел ја доби битката против Прилеп

Ракометарите на Бутел Скопје на гостински терен ја добија „битката“ против РК Прилеп, успевајќи да слават тесна победа од 23-26.

Гостите единствено размислуваа на победа, па тие уште во првото полувреме покажаа поголема мотивација и борба, успевајќи да заминат на пауза со предност од 10-13.

Мирко Мајиќ со седум гола беше прво име кај гостите, додека кај РК Прилеп се истакнаа Мириани Гавашелишвил, Христијан Милошески, Реваз Чантурија со постигнати пет гола.

По оваа победа Бутел Скопје има 27 бода и се наоѓа на виското трето место, ракометарите на Прилеп со 12 бода остануваат на деветата позиција.

Се вчитува...