Бутел парираше на Е. Пелистер, но недоволно да го изненади шампионот

Во вториот свој натпревар од плејофот во Суперлигата на Македонија, ракометарите на Е. Пелистер триумфираа на гостувањето против Бутел со 24-28 (12-15).

И покрај тоа што се играше главно израмнет натпревар, пред се во првото полувреме, јасно беше дека битолчани го поставуваат патот кон победата. Во вториотдел заиграа далеку поцврсто во одбраната за на крај сигурна победа од четири гола разлика.

Филип Кузмановски заврши со 10 постигнати гола кај Е. Пелистер, а Костески запиша четири погодоци.

Е. Пелистер има две победи од исто толку дуели во плејофот од Суперлигата, за прво место на табелата.

Се вчитува...