Бутел плати за „вардаровиот срам“ од Веспрем

Ракометарите на Бутел беа колатералната штета од „срамниот пораз“ на Вардар во Лигата на шампионите од Веспрем. Вардарци одиграа како што знаат и стигнаа до убедлив триумф на гостувањето кај Бутел од 26-34.

Уште од самиот старт „црвено-црните“ ја покажаа разликата во квалитет и веќе на полувреме имаа предност од осум гола 9-17. Во вториот дел гостинот само го исконтролира резултатот за конечен триумф од 26-34. Ловро Јотиќ со пет гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените по четири постигнаа Мајиќ и Златко Мојсоски.

Вардар останува со максимален учинок од четири победи на четири натпревари, додека Бутел го запиша својот втор пораз.

Се вчитува...