Бутел подобар од Металург, Охрид славеше над Тиквеш

Ракометните суперлигаши продолжуваат со контролните натпревари, се со цел во што подобра форма да се дочека стартот на новата сезона закажан за почетокот на месец септември.

Тимот на Бутел  славеше во пријателскиот натпревар над Металург со 32-30 во натпревар кој се играше во три третини по 20 минути. Двајцата тренери комбинираа и им дадоа шанса на сите ракометари што беа во ростерот. Кај Бутел Скопје недостигаа капитенот Бојан Спасовски, Саша Пулјизовиќ и Владимир Јевтиќ, додека за Металург не настапија Кевин и Оливие Њокас.

Ракометарите на Охрид продолжуваат со триумфалната серија во овој подготвителен период, откако триумфираа на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци со 23-25. Тиквеш по првото полувреме имаше водство од 15-9, но избраниците на Раде Стојановиќ со одлично второ полувреме направија пресврт и стигнаа до победа.

Се вчитува...