Бутел подобар од Прилеп за петто место на турнирот во Струга

Ракометарите на Бутел го освоија петтото место на традиционалниот турнир „Струга 2020“ откако славеа против Прилеп со 25-23.

Бутел заслужено стигна до триумфот, со подобра игра во второто полувреме кога беше создадена разликата од два гола. Првото полувреме заврши без предност за ниту една од екипите.

Во натпреварот за 3. место ќе се соочат Металург и Охрид, додека во финалето од 21:15 часот ќе играат Вардар и Е. Пелистер.

Се вчитува...