Бутел потпиша со Давид Јаневски

Екипата на Бутел продолжува паралелно со инвестирањето во првиот тим да ја развива и младинската школа. Во тој правец денеска беше доведено квалитетно засилување откако беше потпишан договор со средниот бек Давид Јаневски, кој се обврза на верност кон „бутелци“ до 2026 година.

Тој доаѓа од редовите на скопскиот ривал Мулти Есенс, откако минатата сезона на кадетскиот Ф4 беше прогласен за најдобар среден бек на турнирот.

Јаневски се наоѓаше и на поширок список на кадетската репрезентација на Македонија. Освен за Мулти Есенс, Јаневски има настапувано и за Алушовски, Вардар и Алкалоид во младинските категории

Се вчитува...