Бутел потпиша со досегашниот централен бек на Вардар, Стефан Крстевски (ФОТО)

Досегашниот ракометар на Вардар, централниот бек Стефан Крстевски е нов член на суперлигашот Бутел Скопје, потпишувајќи едногодишен договор.

23-годишниот среден бек (189/83) доаѓа од шампионот Вардар, со кој ја освои титулата во Суперлигата.

„Мојата одлука да се преселам во тимот на Бутел Скопје беше исклучително лесна. Гледам голем простор за мојот напредок како играч во овој амбициозен клуб.Со повеќето играчи сум играл во минатото и мислам дека токму тие ќе бидат од голема помош во моето вклопување и адаптација во тимот. Бутел има големи амбиции и очекувам уште една успешна сезона, како во македонските конкуренции, така и на меѓународна сцена“ – изјави Крстевски.

Средниот бек потекнува од Преспа Ресен, каде што играше до 2014 година, потоа беше член на Вардар две сезони, настапуваше и за Вардар Јуниор до 2020, една сезона играше и за Работнички, пред да се врати во Вардар, со кој играше и во Лигата на шампионите.

Се вчитува...