Бутел потпиша со кадетскиот репрезентативец Дамјан Георгиев

Кадетскиот репрезентативец Дамјан Георгиев е нов ракометар на Бутел Скопје потпишувајќи договор со клубот до јуни 2026 година.

Десното крило, кое одлично се снаоѓа и на позицијата десен бек, доаѓа од тимот на Пролет, со кој настапи на завршниот турнир во Богданци за младинци. По одличните партии таму, Георгиев беше прогласен за најдобро десно крило и влезе во идеалниот тим на турнирот.

Георгиев е првиот нов ракометар во составот на Бутел Скопје и на новиот тренер Горан Кузманоски. Претходно Бутел ја продолжи соработката и со средниот бек Ѓоргиевски, голманот Блажески и десниот бек Давитковски.

Се вчитува...