Бутел се засили и со Мајиќ од Радовиш

Екипата на Бутел дефинитивно не планира да има епизодна улога во првата сезона по камбекот во елитното друштво, па скопскиот суперлигаш продолжува со доведување на квалитетни засилувања. Ново име на бутелци од денеска е Марко Мајиќ, црногорскиот ракометар кој доаѓа од редовите на Радовиш.

Тој имаше зад себе одлична сезона во дресот на радовишани, претходно имаше и добри игри во дресот на Струмица, што беа доволна препорака да биде ангажиран како еден од лидерите на новиот суперлигаш од Скопје.

Бутел претходно се засили со неколку засилувања предводени од поранешниот репрезентативец Златко Мојсоски, а за нов десен бек го доведе и Србинот Жегарац.

Се вчитува...