Бутел славеше на контролата со Пролет

Бутел триумфираше со 31-26 над Пролет во рамките од подготовките за новата ракометна сезона. Ова беше прв пораз на Пролет во летните подготовки, во мечот што беше увертира за скопскиот суперлигаш пред дуелите од квалификациите за Лигата на Европа против шпански Гранолјерс.

Денешниот дуел почна со израмнета игра, па на половина од првото полувреме резултатот гласеше 9-9. Бутел нешто подобро го финишираше полувремето и на одмор замина со предност од 14-13, а пресуден беше почетокот од вториот дел, во кој домашниот состав создаде поконкретна позитива. „Бутелци“ најпрвин се одлепија на 19-16, а потоа во 48. минута имаа и водство од 25-20. И покрај обидите за камбек, Бутел рутински ја задржа предноста и триумфираше со убедливи 31-26.

Тинекс Пролет в четврток патува за Шпанија, каде во петок и сабота ќе се сретне со Гранолјерс во рамките од квалификациите за Лигата на Европа.

Се вчитува...