Бзззззз…за среќа, и на „Олимпико“ во Торино (ФОТО)

ЕКИПА во Торино, Италија

Никола Ѓуровски

Македонската фудбалска репрезентација во овие моменти го одржува официјалниот тренинг на Олимпискиот стадион во Торино, во пресрет на утрешниот квалификациски натпревар против Италија. Веќе стана ’традиција’, за среќа, фудбалерите да ја одиграат и онаа заедничка друштвена игра од детството – „бзззз…“. Ја одиграа и на „Олимпико“, пред стартот на тренингот. Тоа покажува дека атмосферата во националниот тим е на највисоко можно ниво.

bzzz 2

Ова донесе среќа, добра игра и триумф против Израел во Хаифа, исто така и против Албанија во Струмица, кога ремизиравме, но според играта и шансите заслуживме триумф.

Традицијата е испочитувана и во Торино, па сега очекуваме квалитетен меч од „црвено-жолтите“ и на утрешниот дуел (20.45 часот) против „аѕурите“.

Се вчитува...