Реал Мадрид без хрватски фудбалер стана речиси незамислив. Лука Модриќ заминува, а на „Сантијаго Бернабеу“ би можел да дојде Анте Будимир.
Како што пишуваат шпанските медиуми, Чаби Алонсо е сериозно заинтересиран за доведување на напаѓачот на Осасуна, кој одамна ја „надрасна“Памплона. Секако, „кралскиот клуб“ сака да оди што е можно поевтино, па се разгледува опцијата за активирање на откупната клаузула од 20 милиони евра, но Реал би сакал да го намали и тоа.
Планот е да се вклучи млад фудбалер од мадридската академија, како Џејкоб Рамон или Лорен Агуадо. Будимир со задоволство би играл за Реал Мадрид, клуб за кој смета дека е најдобар во светот, а за да го донесе „гризе“ и Чаби Алонсо.
За многумина е чудно што Реал сака 34-годишен играч, но Хрватот наводно би прифатил да биде резерва и да влегува од клупата, како што тоа го правеше Хоселу минатата сезона кога се освои Лигата на шампионите.
Оваа сезона Будимир постигна 21 гол во Ла Лига и додаде три асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА