Чаир 2030 лесно го „преплива“ Охрид

Кошаркарите на Чаир 2030, славеа триумф над Охрид во последното коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство. Чаирчани во текот на целиот меч имаа предност, кое го одржаа до крајот, и рутински дојдоа до победата, 15-та во сезоната.

Најефиксен беше Галовеј кој постигна 19 поени, а зад него Роби постигна 18, исто колку и Димитриевски од Охрид.

Охрид ќе разигрува во плеј-аутот, односно ќе се бори за опстанок.

Се вчитува...