Чаир 2030 прв го најде решението за Академија ФМП во плејаутот

Чаир 2030 и го нанесе првиот пораз на Академија ФМП во плејаутот откако во последното коло од првенството славеше со 82-95 во Кисела Вода. Двата тима веќе обезбедија опстанок во „елитата“ и следната сезона па во натпреварот без значење ги поштедија и дел од клучните играчи.

Натпреварот започна во изедначено темпо во кое двата тима не успеваа да направат значајна предност. Во ефикасната прва четвртина резултатот гласеше 25-23, а до „големиот одмор“ на семафорот стоеше резултат 42-39.

Клучна за победа на Чаир 2030 беше третата четвртина во која гостите реализираа со 60 отстотна успешност од игра, погодија и четири обиди за три поени па во последните десет минути влегоа со предност од 59-67. Во нив избраниците на Рамадан го одбија налетот на домашниот тим, ја вратија двоцифрената предност и приредија мирен крај.

Со 19 поени и 8 скокови лидер на Академија ФМП беше Настовски, а 11 поени постигна Велески. По 18 поени за Чаир 2030 постигнаа Реџа и Тачи, а Џеладини броеше до 16.

Се вчитува...