Чаир без проблеми го преслуша и Кожув

Најпријатното изненадување сезонава во Првата кошаркарска лига на Македонија, Чаир продолжува со одличните партии откако вечерва славеше без проблеми на секогаш тешкото гостување во Гевгелија против Кожув со 70-86.

Откако по првата четвртина домаќинот некако успеваше да држи резултатски приклучок (18-22), чаирчани со фуриозна втора четвртина во која на противникот му дозволија само девет поени, ја направија клучната разлика (27-47) со која заминаа на пауза.

Во вторит дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 70-86. Брејвин Галовеј со 23 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Илајџа Милер постигна 18 поени.

Се вчитува...